Финалето на Светскиот куп во рагби го привлече вниманието на луѓето ширум светот.
Меѓу присутните на финалето во Париз беше и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, а овој пат вниманието го привлече најмногу поради друштвото во кое се најде.
Имено, Новак седел покрај албанската пејачка Рита Ора , а многумина со одобрување ја дочекаа оваа вест, но албанските и косовските медиуми не се огласија.
- Поранешната адвокатка на Трамп се омажи за турски милијардер: Раскошната свадба чинеше 10 милиони долари (фото)
- Докторите открија кое е најлошото време за спиење
- Четири хороскопски знаци на кои најтешко им е да се опорават од раскинување
- ССНМ е загрижен за прогласување на технолошки вишок за новинари во ТВ Телма
- Шерон Стоун ја повикува Сидни Свини на одговорност: Не можеме да го омаловажуваме женскиот спорт
- Холандија: Детето еутанизирано имало само две години, страдало од сериозни и неизлечиви состојби
- Жестоки судири во југоисточен Иран: Распоредени оклопни возила, борбите со вооружени групи продолжуваат
- Естонците го разоткрија Кремљ и објавија разузнавачки податоци: „Руските специјални служби стојат зад саботажата во Талин“
- Објавен трејлер за документарецот за Метју Пери: Од слава до борба со зависноста (видео)
За средбата на пејачката и најдобриот тенисер извести само албанскиот Sport Expres, а во таа прилика немаа пофалби за пејачката.
„Рита Ора неодамна доби многу критики, затоа што на сцената се појави со знамето на Србија на рамо. Самата пејачка се извини поради тоа што не знаела на која земја и припаѓа знамето што фан на бината и го фрлил. Во меѓувреме, пред извесно време, на концертот на албанската пејачка беа прикажани слики од некои познати личности, а нејзиното мислење за нив го имитира и Рита Ора. Кога се појави Новак Ѓоковиќ, нејзината реакција беше јасна. Меѓутоа, денес камерите ја фатија како седи до на српската тенисерка.Двајцата го гледаа финалето во рагби еден до друг, а лицето на Рита Ора беше насмеано.Момент кој не и се допадна на албанската јавност особено знаејќи го патриотизмот со кој Ора секогаш се обидуваше да се претстави. Можеби двоглавиот орел на концертот е само симбол за продажба“, стои во нивниот текст.
Да потсетиме, Рита Ора започна вистинска лавина од коментари кога пееше на концерт обвиена со српско знаме , за што многумина сè уште ја обвинуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи:



