Бабите и дедовците играат непроценлива улога во животот на нивните внуци. Бабата Диди често споделува корисни совети на Инстаграм за тоа како да се биде успешна во улогата на баба. Сепак, едно од нејзините видеа предизвика доста жестока дебата.
Оваа баба објави видео во кое објаснува зошто давање премногу подароци на децата може да биде штетно. Таа објаснува дека не им носи подароци на своите внуци секогаш кога ги посетува, иако живее далеку од нив и ги гледа само неколку пати годишно.
Диди ја донела таа одлука од повеќе причини. Прво, таа сфатила дека нејзините внуци веќе се опкружени со премногу работи и сака да ја почитува желбата на нивните родители да го намалат нередот во домот. Сепак, главната причина зад нејзината одлука е желбата нејзините внуци да ги ценат нејзините посети поради неа, а не поради материјалните работи што ги носи со себе.
„Се надевав дека внуците со нетрпение ќе го чекаат моето доаѓање и ќе ме опсипат со насмевки и прегратки, наместо да брзаат да проверат што има во мојата торба“, рекла таа.
Своите тврдења ги поткрепила со студии
“Истражувањата покажаа дека децата кои имаат помалку играчки се покреативни и играат подолго. Добивањето премногу подароци докажано го зголемува самоуништувачкото однесување. Вашите подароци ги прават среќни вашите внуци, но секој од тие подароци создава привремен излив на среќа и глад за повеќе“, истакнува таа.