Судија во претходна постапка вчера, доцна вечерта, ги прифати барањата на ОЈОГОКК во врска со осомничените во акцијата “Синџир”.
- ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е адвокат на Бугарија
- Мицкоски: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата
- Германската репрезентација го финансираше превозот на 600 навивачи на натпреварот од Светското првенство
- Путин прави неочекуван потег: Русија брзо ги пополнува воените редови поради голем проблем, дали е ова „тивка мобилизација“?
- Бројот на заболени од ебола во Конго се искачи на 689, а досега се починати 139 лица
- Зеленски: Украина ги прави најголемите жртви за Европа
- Сиљановска-Давкова: Ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата ќе се вртиме само во круг
- Доктор открива четири намирници што би ги јадел доколку имал висок холестерол
- 3 броја на датумот на раѓање привлекуваат пари како магнет: Нумерологијата ја открива тајната на успехот
Од Обвинителството во кратка изјава за Инфомакс информираа дека судот определил 13 ефективни притвори, 1 куќен притвор и 12 мерки на претпазливост. Во врска со мерките за претпазливост од Обвинителството нагласија дека за сите 12 лица се определени сите мерки на претпазливост кои Обвинителството ги побара и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Од Кривичниот суд потврдија дека се прифатени сите барања од Обвинителството, но најавија детали во текот на денешниот ден.
Како што претходно објавивме, шест лица се во бегство, односно се недостапни за органите на прогонот.
Со акцијата “Синџир” се опфатени 26 физички и 28 правни лица кои се товарат за злосторничко здружување, даночно затавјување и перење на пари и други приноси од казниво дело.
Согласно Кривичниот законик за за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.
За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. И за ова и за претходното кривично дело се предвидени дополнителни парични казни за правните лица.
За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години, во зависност од целта поради која е создадо злосторничкото здружување, односно за кое дело се товари. Санкцијата за ова кривично дело беше намалена од десет на максимални три години со последните измени на Кривичниот законик.
Пронајдете не на следниве мрежи:



