Денеска се празнуваат Св. маченици Маркијан и Мартириј. По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец.
Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква. Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт.
Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.