Обилниот појадок овозможува да се трошат двојно повеќе калории

Обилен појадок наместо обилна вечера може да ја спречи дебелината и покаченото ниво на шеќер во крвта, се резултатите од неодамна завршеното истражување на The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism.

Студијата била спроведена на 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и висококалорична вечера, а во втората фаза од студијата го направиле обратното.

Авторката на студијата, д-р Јулиане Рихтер од Универзитетот во Либек во Германија, ги објасни резултатите од студијата.

„Резултатите покажуваат дека оброкот што се јаде за време на појадокот, без оглед на количината на калории што ги содржи, произведува двојно повеќе термогенеза предизвикана од храната отколку истиот оброк што се јаде за време на вечерата“, рече таа.

Покрај тоа што согорувањето калории е два и пол пати побрзо кај луѓето што консумираат висококалоричен појадок и нискокалорична вечера, покачувањето на шеќерот во крвта и концентрациите на инсулин предизвикани од храна било намалено после појадокот во споредба со вечерата.

Резултатите исто така откриле поврзаност помеѓу консумирањето нискокалоричен појадок и зголемениот апетит подоцна во текот на денот, особено желбата за слатки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.