Вистинско време е да направите и пробате португалска рибна чорба со бело вино. Се служи со големи парчиња риба, па може да биде и самостоен оброк.
Рибната чорба можете да ја подготвите на различни начини и со многу намирници, како на пример со леќа. Можете да ја подготвите за време на пост и за празнична трпеза, а ви предлагаме рибна чорба со бело вино, подготвена на португалски начин. Во рецептот се додаваат листови коријандер и многу неисечкан магдонос, а зеленчукот се реди во слоеви низ тенџерето.
Потребни состојки:
<
680 гр риба по избор
4-6 компири со средна големина
2 црвени пиперки
2 жолти пиперки
3 домати
4 главици кромид
2-3 чешниња лук
1 чаша бело вино
½ лажичка блага пипер
½ лажичка куркума
грст листови коријандер
1 китка магдонос
3-5 лажици маслиново масло
сол
Подготовка:
Исчистете и исечете ја рибата на парчиња, а потоа посолете го секое парче поединечно. Измијте ги и излупете ги компирите, па наредете ги во плех. Исчистете ја внатрешноста на пиперките, па исечкајте ги. Исечете го доматот на прстени, како и кромидот. Во поголемо тенџере, прво додадете половина од кромидот, а потоа половина од сечканите пиперки, половина од доматите распоредете врз кромидот и пиперките, а потоа додадете го сечканиот лук. Компирите исечкајте ги на прстени со иста големина како прстените од доматите, па наредете ги одозгора. Покријте ги слоевите зеленчук со остатокот од кромидот, доматите и пиперките, а потоа посолете по вкус. Прелијте со чаша бело вино, а потоа додадете блага пипер и куркума.
Рибната чорба се динста со бело вино околу 5-10 минути на средна температура. Потоа додадете коријандер и магдонос, а потоа и парчињата риба. Рибата и зеленчукот прелијте ги со маслиново масло, па оставете да се вари на силен оган. Оставете ја рибната чорба со бело вино да се крчка 5-8 минути откако ќе зоврие.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.