Тврдата вода можеби на почетокот не изгледа како проблем, особено што е нормална појава во одредени делови од земјата. Ова е вода со висока содржина на минерали, поради што бигорот може да се акумулира во цевки, котлиња, машини за перење и машини за миење садови.
- Трамп отвора врата за ублажување на санкциите кон Иран, но бара конкретен нуклеарен напредок
- Дали ЕУ има доволно гас за зимата?
- Селин Дион изненади со музичко финале на модната ревија на познат козметички бренд: Ја воодушеви публиката со своите настапи
- Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“ и истурил непозната течност
- Зеленски: Северна Кореја подготвува дополнителни 10.000 војници за Русија
Експертите предупредија дека тврдата вода може негативно да влијае на нашето здравје. Долготрајната изложеност на тврда вода, меѓу другото, може да резултира со дигестивни проблеми и чешање.
Чешање на кожата
Ако скалпот почнува да ве чеша набргу по капењето, веројатно тоа е поради тврдата вода. Минералите ги отстрануваат природните масла од телото, правејќи ја кожата сува, што резултира со непријатно чешање.
Проблеми со стомакот
Ако ве боли стомакот после пиење вода, проверете дали е тврдa. Пиењето тврда вода е генерално безбедно, но прекумерната употреба може да го вознемири желудникот.
Сува коса
Водата со висока содржина на минерали може да ја направи нашата коса сува, додека скалпот може да чеша.
Покрај тоа, тврдата вода може да предизвика раст на мувла, што може да предизвика други здравствени проблеми. Ако забележите дека се наталожува сапуница, исчистете ја со бел оцет и лимон пред да се претвори во мувла, пишува Експрес.
Пронајдете не на следниве мрежи:



