Украдени над 550 килограми марихуана од фабрика во тетовско!

МВР информира дека синоќа околу 23:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с. Чегране, Гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија.

Промоција на бугарскиот превод на „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски во Софија
Во вторник (14 мај) од 18.30 ч. во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Бугарија, на ул. „Обориште“ 7, ќе се одржи промоција на преводот на романот …
Шолц: Германија мора да најде начин да ги убеди луѓето да изберат кариера во војската
Германија мора да умее да ги убеди луѓето да изберат воена кариера, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додека земјата разгледува начини да ја зајакне својата долго занемарена одбрана …

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.