Фото: Катарина Ивановска во врска со наш познат кошаркар?

Нашата најпозната манекенка Катарина Ивановска секојдневно е дел од медиумските наслови, најчесто поради нејзините ангажмани во светските модни центри, но овојпат темата е поинаква…Порталот Убавина и здравје пишува дека фото-моделот Катарина Ивановска е во врска со 33 годишниот кошаркар Александар Димитровски-Мачка.
Криењето на момчињата очигледно е дел од имиџот на атрактивната манекенка, но и овој пат љубовниот живот на секси-моделот стана јавна тајна.
Дека се заедно најдобро се забележува на нивните фејсбук-профили, каде може да се видат нивни заеднички фотографии.  Пријателите велат дека ретко можат да отидат со Мачка на кафе.
Она малку слободно време што го има го поминувал со Катарина. Двете заљубени гулапчиња се почесто можат заедно да се видат низ скопските кафулиња, а често го посетуваат и ноќниот клуб “Станица 26“.
Неретко двајцата може да ги видите и на спортските натпревари на ракоментиот клуб Вардар и кошаркарскиот клуб Работнички за кои два клуба тие двајца навиваат.
извор:Убавина и здравјеПорталот 

Пронајдете не на следниве мрежи: