Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Загина скопјанец: Со возило излетал од патот Велес-Скопје, починал на место
Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, …
Еве зошто мажите велат за жени „лоши во кревет“! Овие работи ги нервираат до бесвест
Сексуалната компатибилност меѓу партнерите често е тема на разговор, бидејќи она што е лошо за една личност, може да биде фантастично за друга, и обратно. Ви откриваме некои …

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.