Лавров не нарече ЗАПАДЕН САТЕЛИТ, рускиот министер никогаш поостар во Скопје! НАТО без референдум го украде Косово од Србија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје изјави дека НАТО со агресија и бомбардирање во 1999 година го одзел Косово од Србија.

ОБСЕ е во жална состојба, перспективите не се јасни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанокот на министрите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Скопје, Македонија.

Израелската армија: Правиме се’ за да ги заштитиме цивилите
Израелската армија штотуку издаде соопштение: „Од Иран се истрелани проектили кон државата Израел. Наредено ви е да бидете во состојба на готовност и точно да ги следите упатствата …
(Видео) Се огласија сирените низ целата земја на Израел
Ракетите биле лансирани од Иран кон Израел. Се додава дека сирените се огласиле низ Израел. Да потсетиме, израелските војници синоќа извршија инвазија на територијата на Либан, со цел …

Во 1999 година, НАТО изврши груба агресија со бомбардирање на Југославија, како резултат на која Србија беше ограбена на Косово, без референдум – изјави шефот на руската дипломатија.

Западните политички елити го презедоа правото да го користат ОБСЕ во корист на интересите на НАТО, а проширувањето на НАТО на исток е еден од факторите што ја поткопуваат безбедноста во Европа, додаде Лавров.

Оние кои ги потпишаа договорите од Минск признаа дека само сакале да и дадат на Украина повеќе време да се подготви и зајакне за конфликтот со Русија.

– Кога минатата година ја прашав американската страна како го коментираат тоа што не смеат да ја зајакнат својата безбедност на сметка на безбедноста на другите, не добив одговор – вели шефот на руската дипломатија.

Во обид да ја уништат руската економија, западните сателити воведоа илјадници санкции против Москва, истакнува Лавров и додава дека ЕУ послушно се потчинува во таа игра.

ЕУ ги отфрли првичните цели на своите креатори и не работи во корист на народот, туку се претвори во агресивен блок, рече тој.

-Тие што треба да ја обезбедат слободата на медиумите молчат кога ги прашуваме зошто се затвораат сите медиуми кои пишуваат што не се согласува со идеологијата на Западот – рече министерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.