МВР заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков начин со исчезнувањето на 14 годишната Вања.

По извршен визуелен преглед и пребарување на возилото, како што дознаваме предаден е на форензичка анализа. Секој предмет или трага што може да биде поврзана со исчезнатото девојче ќе биде собрана како доказ. Ова може да вклучува отпечатоци од прсти, течности, или други материјали.

Најавите на премиерот беа дека во Брисел ќе пренесе „жестоки пораки“ – исход се средби на кои премиерот сепак не пренел ништо ново
Пишува Ивон Величковски на социјалните мрежи: Пораките на Мицкоски од Брисел се кон домашната јавност, а Брисел останува на своите позиции. Впрочем нив Скопје ги има прифатено. Северна …
(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Навивачи на Чаир со боксови нападнаа играч на ТФТ – МВР е на потег!
Подготвителниот меч кој се играше во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат во финишот поради масовна тепачка. Инцидентот се случи на две минути до крајот на …

Собраните материјали и докази ќе бидат испратени во форензичка лабораторија за дополнителна анализа. Ова може да вклучува ДНК анализа, анализа на отпечатоци од прсти и хемиска анализа на течности и други материјали.

Ако возилото е опремено со современи технологии како GPS, полицијата може да провери историјата на навигација за да утврди местоположбата на возилото во времето кога е исчезнато девојчето.

Сопственикот на возилото и другите лица кои се приведени во врска со случајот ќе бидат испрашани за да се добијат дополнителни информации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.