Таткото на Вања негирал дека давал информации на Љупчо Палевски за движењето на неговата ќерка

Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски на распитот во ЈО негирал дека давал информации на Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка, што според досегашниот тек на истрагата, доведе до нејзиното киднапирање, а потоа и до убиство.

„Тој покажа подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, го поздравуваме тоа“ – Кремљ најави можен дијалог меѓу Путин и Трамп
Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, претходно изјави дека во тек се подготовки за средба со Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина.Кремљ денеска објави дека …
Илон Маск на нишан на Европската унија: Се истражува дали неговата мрежа работи според техничките правила на ЕУ
Тие особено ќе проценат дали „Х“ ѝ дава на партијата на Алтернатива за Германија (АфД) неправедна предност во кампањата во однос на нејзините ривали.Европските технолошки регулатори внимателно ќе го следат интервјуто …

За неговата инволивраност инфомрации на државните органи дале тројцата други обвинети за кои судија на претходна постапка веќе одреди мерка притвор. Таа денес треба да биде продолжена, откако обвинителството ќе добие кривична пријава против нив поднесена од МВР.

За него вчера беше одредена мерка притвор од 48 часа, за кој обвинителството ќе бара продолжување доколку тој влезе во истрага, бидејќи за сите осомничени освен за првоосомничениот се уште се води истрага.

За Палевски, се отвори истрага по итна постапка, а со цел МВР да може да ја распише меѓународната потерница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.