ПАЛЧО ИМАЛ „СВИРКАЧ“ ОД ПОЛИЦИЈАТА? Се дал во бегство кога му јавиле за деталите: „Пронајден е телефонот на Вања“

Случајот кој ја потресе и обви во црно Македонија доби конечна завршница. Вечерва на вонредна прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, соопшти на јавноста дека првоосомничениот како што кажа тој „монструм“ е фатен на територија на Република Турција.

Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема …
Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога ќе се врати на терен!
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор, го најави официјалното враќање на Нејмар на теренот по долгата пауза поради повреда. Бразилската ѕвезда за неколку дена ќе го одигра првиот натпревар …

Оливер Спасовски одговараше на многу прашања од новинарите, но еден негов одговор е доста интересен за јавноста во Македонија. Имено, министерот откри дека Љупчо Палевски наводно имал информатор од редовите на МВР, поради што, по добиена информација тој одлучил да побегне од државата по двете грозоморни убиства.

„Несомнено е дека некој од полицијата дал информации за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па врз основа на тоа осомничениот организатор и спроведувач Љупчо Палевски – Палчо побегнал од Македонија“, изјави Оливер Спасовски.

Како што понатаму одговараше на прашањата, министерот откри дека телефонот на Вања Ѓорчевска бил пронајден, но не прецизираше каде.

„Телефонот е пронајден“, кусо одговори Оливер Спасовски.

Осомничениот Палчо, по кого беше распишана меѓународна потерница, контактирал со лица во Македонија додека бил во бегство. Како што објасни министерот, тој имал помош за превоз до Белград, потоа до Бугарија и на крајот до Турција, каде што е уапсен на улица во градот Баликесир.

За потсетување, „Во Центар“ ексклузивно и први во државата објавивме за тоа каде престојувал Љупчо Палевски – Палчо во Белград и со каков автомобил го напуштил главниот град на Србија и побегнал кон Бугарија, а подоцна и во Турција.

Оливер Спасовски додаде дека на Палчо му е одредена мерка притвор во отсуство, односно додека не биде испорачан во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.