Спасовски: Вања почина од прострелна рана, пронајдени два пиштоли во близина на Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во синоќешната изјава во врска со прашањето дали Вања, 14-годишното девојче е удавено или починало од рана од куршум, рече дека се работи за рана од куршум.

Бајден: САД работат на тоа да им се овозможи на раселените од северен Израел да се вратат дома
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „работи“ на тоа да им се дозволи на луѓето да се вратат во своите домови на тензичната израелско-либанска граница, во неговите први коментари за ситуацијата по …
КОЈ Е ИБРАХИМ АКИЛ? Беше фигура во сенка на Хезболах
Ибрахим Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира. Терористичката организација Хамас соопшти дека го осудува „бруталниот“ израелски напад врз …

„Точната одлука на обдукцијата ќе ги покаже деталите, но се работи за рана од куршум“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата на која соопшти дека е фатен првоосомничениот Љупчо Палевски.

Во однос на тоа дали е пронајдено оружјето со кое е пукано во неа, министерот Спасовски рече дека во Скопје се пронајдени две оружја, кои мора да се проверат за да се утврди дали е тоа оружјето со кое е убиено девојчето.

Спасовски потврди и дека полицијата го пронашла мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Вања беше прогласена за исчезната на 27 ноември, додека во неделата на 3 декември нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.