(Видео) Маж тепа луѓе по случаен избор по улици во Скопје, граѓаните велат ова го правел постојано

Непознато лице напаѓа граѓани кои случајно ќе ги затекне во Ченто, јавува „Скопје1“.

На објавеното видео се гледа како непознатото лице удира повозрасен човек, па потоа го турка.

Според информациите, и претходно имало вакви случаи од истото лице.

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш, доби кривична пријава и суспензија
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица …
Нов скандал го тресе гејмерскиот свет: Илон Маск плаќа професионалци да му играат видео игри?
Додека управуваше со Tesla и SpaceX, надгледувајќи ја работата на платформата X и извршувајќи други важни деловни задачи, Илон Маск најде време да стане еден од најдобрите играчи во двете популарни видео игри – Diablo IV и Path of …

„На 7.12 2023г. во 14:30ч.бевме нападнати јас и мојата колешка пред аптеката Зегин, на пазарчето во Ченто. Откако лицето неразбирливо се обраќаше кон нас (очигледно психолошки нестабилно) влеговме во автомобилот и тогаш почна со боксови да мава во стаклото со цел да го скрши и да ме удри. Среќа што се заклучивме од внатре па не успеа да отвори врата. Во меѓувреме од пазарот сите само посматраа без некој да помогне иако истиот тој човек бил познат за нив и цел ден ги малтретирал. Му реков дека ќе викнам полиција и извадив телефон и тогаш тој избега. Истиот тој денес (07.12) на автобуската станица кај паркчето М.А.Ченто одеднаш физички нападна човек што чекаше автобус. Се обидов да го следам за да знам кого и каде да пријавам во полиција но не видов дали се качи во 55-ка или 65в бидејќи се изгуби во гужвата Внимавајте не бира кого напаѓа“, стои во сведоштвото објавено од порталот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.