ПЛАНОТ СЕ ОТКРИВА: Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела

Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Трамп одби нова дебата со Камала: Предоцна е, гласањето веќе почна!
Претседателскиот кандидат од Републиканската партија Доналд Трамп, го одби предлогот за нова телевизиска дебата со својата противничка од Демократската партија Камала Херис. Проблемот со уште една дебата е во тоа што е едноставно, …
Уапсен е возачот на српската војска, откако во сообраќајка починаа пет лица
Уапсен е возачот на српската војска кој управуваше со возилото кое денеска усмрти пет лица во близина на Ушќе, на патот помеѓу Краљево и Рашка. Денеска околу 13 часот и 20 минути се …

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.