Каде има најмногу снег во моментов во Македонија?

Во Лазарополе утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Виница, три степени.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус два степени се измерени во Берово, минус еден во Битола и Крива Паланка, нула степени во Скопје – Петровец, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Струмица, еден во Претор, Дебар, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Велес и два степена во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Охрид и Крушево.

Таткото на новогодишната ноќ го убил синот по физички конфликт
Според неофицијални информации до кои дојде ТВ21, по претходен физички конфликт, таткото со ловечка пушка го убил својот син. Трагедијата се случила на 31-ви декември, а случајот предизвика шок …
Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер. „Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе …

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува четири сантиметри на Попова Шапка.

Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Претпладне во северозападните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.