Очув од Делчево повеќе од една година вршел обљуба над малолетната ќерка на сопругата

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Јованка Тренчевска избрана за претседателка на Клубот на пратенички
Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јованка Тренчевска за …
Македонија со значително подобрување на економскиот сентимент во 2024 година
Македонија е меѓу земјите кои во 2024 година бележат најголемо подобрување на економскиот сентимент, според најновите податоци на Европската комисија. Индексот за економско расположение кој го одредува Генералниот директорат за економски …

-Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.