Докази за двете страшни убиства се записи од 70 камери и над 50 снимки од „Сејф сити“

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само интервју“ на Канал 5 во делот на прашања за случајот со малолетната Вања, беше запрашан што ќе се случи доколку сега приведените соизвршители кои го признаа делото потоа се предомислат да тврдат дека признанието им е изнудено. Спасовски уште еднаш посочи дека сериозни истраги не се водат по медиуми и социјални мрежи и дека исказите коишто полицијата и јавното обвинителство ги имаат се дадени од страна на осомничените во полиција и пред јавен обвинител, соочени со доказите и врз основа на сѐ што е утврдено во истрагата.

САД ќе донира 60 боди камери на Царинската управа
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и ќе се зголеми контролата. …
INFOMAX.MK
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и …

Во однос на шпекулациите околу возилото искажани од страна на некои пратеници од опозициската партија според кои МВР знаело дека возилото е исчезнато уште од 22 ноември, Спасовски со контрааргумент – не може МВР да знае два дена пред воопшто да биде доставена пријава во СВР Велес. А таква пријава била доставена вечерта на 24.11.2023. Министерот потенцираше дека сите тврдења во јавноста од страна на луѓе коишто заради политички поени ќе газат и по мртви души се најмалку потребни во овој момент.

„Значи, пријавувањето е на 24-ти, вечерта, и оттука почнуваат потрагите во Велес, а во Скопје започнуваат во моментот кога е пријавен таков настан во Скопје. Не би сакал да навлегуваме во политиканство. Тие теории на заговор се исклучиво за политиканство и за ништо повеќе“, рече министерот Спасовски.

Од аспект на точната траекторија на возилото, министерот Спасовски потенцираше дека доказ и потврда ќе бидат камерите извадени од објекти и од системот „Сејф сити“.

„Јас знам дека сензацијата е, исто така, важна во вакви моменти и да – вадење на одредени камери од приватни објекти итн. – сето тоа е во рамките на таа сензација. Меѓутоа, тоа не е потврда и доказ. Доказот и потврдата ќе бидат 70-тината камери коишто се извадени, нивните записи, коишто се вештачат и се доставени и се доставуваат до Јавното обвинителство и над 50 снимки коишто се извадени од ‘Сејф сити’. Сето тоа кога ќе се изанализира, ќе се потврди и ќе се знае во детали секоја поединост во целиот овој случај, сите овие аспекти – времето, траекторијата – ќе се утврдат низ таа легална постапка“, дециден беше министерот Спасовски.

На крај министерот Спасовски уште еднаш потенцираше дека сите дилеми и прашања кои ги има јавноста целосно ќе бидат расчистени во истрагата и сите ќе бидат информирани во првиот момент кога тоа ќе биде можно, а на политичарите кои оваа грозоморно убиство го користат за политички поени уште еднаш им порача дека на криза и на мртви души, тие политички поени ќе бидат многу тешки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.