НАРОДОТ ВО ПАНИКА! Бислимовски смирува: Нема да има ценовен шок на струјата

Новата цена на електричната енергија ќе се знае следната недела. Тогаш ќе знаеме и колку ќе чини  таксата – пристап  до мрежа.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вели дека ценовен шок на струјата нема да има.

„Пресметките, по барањата на енергетските компании за зголемување од 27 отсто, уште се прават, но ваквиот  процент нема да го добијат“, вели Бислимовски.

Сепак, треба да се земат  предвид и повисоката набавна цена за над 7 отсто на  ЕВН Хоум, како и зголемените трошоци на компаниите. Месецов е вратена и евтината дневна тарифа на струјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.