Адмир Чавалиќ, член на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, сподели интересна фотографија на своите социјални мрежи.
Имено, Чавалиќ на фотографијата покажа дека отсега во Тузла може да се купи – бурек со Нутела.
Blasfemija i u Tuzli. pic.twitter.com/y90Vb7N4UR— Admir Čavalić (@AdmirCavalic) December 27, 2023
Килограм од овој „специјалитет“ чини нешто повеќе од 6 евра. Секако, оваа слика предизвика лавина од коментари и многу корисници на социјалните мрежи негодија за бурекот со Нутела.
„Веднаш земете му ја концесијата за работа и затворете ја кафеана“, „Не е скапо“, „Културно пропаѓаме“, „Бурек е само со месо“, „Па ова е алармантно и гадно!“, „Фрлете го сопственикот кај лавовите“, „Бојкотирам“, беа само дел од коментарите.