Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.

(Видео) Вицепремиерот Фетаи и албанскиот амбасадор положија цвеќе пред споменикот во Слупчане
Албанскиот амбасадор во Македонија и вицепремиерот за добро владеење на Владата на РМ, Арбен Фетаи положија цвеќиња пред споменикот на УЧК во Слупчане. Видеото е објавено на …
(Видео) Вицепремиерот Фетаи и албанскиот амбасадор положија цвеќе пред споменикот во Слупчане
Албанскиот амбасадор во Македонија и вицепремиерот за добро владеење на Владата на РМ, Арбен Фетаи положија цвеќиња пред споменикот на УЧК во Слупчане. Видеото е објавено на …

„Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар!”, вели министерот Меџити.

Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар!”, вели министерот Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.