УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале да затајат данок!

Денеска до полноќ треба да завршиме уште со попис во една бензиска пумпа. Таму оди потешко соработката со даночниот обврзник. Целиот капацитет од регионална дирекција Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот. Станува збор за посебна мрежа и за три познати бензиски пумпи од различни региони од државата, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска околу најавуваната истрага за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.

Убиен е лидерот на Хамас во Либан
Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан – Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и …
Пронајдена почината 72-годишна планинарка на Шар Планина
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар …

Според директорката, по завршување на празниците и пописот, ќе соопштат соодветно известување на јавноста околу истрагата и преземените мерки.

На почетокот на декември 2023 година, првиот човек на УЈП истакна дека се во фаза на откривање на еден специфичен ланец на компании кои се обиделе да ја изиграат државата.

-За десетина дена ќе објавиме, работиме на специфичен ланец на нафтени компании кои се обиделе да го изиграат системот. Ние ќе ги споделиме сите факти и записници до надлежните компании, рече Лукаревска во дебатна емисија.

Според директорката на УЈП, имало обид да се сокрие данок во сметководствената евиденција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.