Пукање во Чаир! Излегол од „Ауди“, ги тепал, па пукал!

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Еврото зајакна во однос на доларот
На девизните пазари, курсот на доларот во однос на еврото падна минатата недела, бидејќи американската централна банка ги намали каматните стапки поагресивно од …
Денеска се празнуваат Светите Јоаким и Ана
Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, …

Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.