Ќе успее ли Нефи Усеини повторно да гради на спорна локација во Охрид?

Против решението за отсранување на дивоградбите поднесена е жалба до државната комисија за одлучување во втор степен. Со решение од 19.12.2023год. на оваа комисија жалбата е одбиена како неоснована.

Поранешниот советник во Советот на Општина Охрид од редовите на ДУИ и бизнисмен, Нефи Усеини, уште еднаш се обидува да го заобиколи законот и бесправно да гради во Охрид.

Ни секој петти во Македонија нема каде да се засолни во случај на напад врз државата?!
Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за заштита и …
Кина ни ги укина визите
Кина најави дека ќе го прошири безвизниот режим на уште девет земји, чиишто државјани ќе можат да престојуваат во земјата без виза до 30 дена. …

Граѓанин на Охрид до редакцијата на Инфомакс анонимно достави документи од градба на Нефи Усеини во центарот на Охрид.

Се работи за објект во центарот на Охрид, катастарска парцела број 15336/1 во катастарска општина Охрид 3. Инвеститори се Нефи Усеини и Симон Шапкароски.

Ќе успее ли Нефи Усеини повторно да гради на спорна локација во Охрид?

Како што вели граѓанинот кој ни ги достави документите, објектот е спротивен на деталниот урбанистички план и спротивно на предвидениот проект за градење.

Побаравме информации од Општина Охрид за овој објект, а од Општината ни одговорија дека инспектори на терен утврдиле неправилности во работењето, било донесено решение со кое се наредува отстранување на дивоградбата. Моментално, како што велат од Општината, се води управен спор по кој ќе се знае дали дивоградбата ќе биде срушена.

– Во врска со Вашето барање, ве информираме дека на ден 04.08.2023 год. до инвеститорите од страна на градежен инспектор на Општина Охрид се доставени покани за вондреден инспекциски надзор.

На ден 14.08.2023 год. на лице место направен е вондреден инспекциски надзор од страна на инспектор од Општина Охрид при што е составен записник и констатирано е дека се утврдени неправилности во работењето на субјектот,односно субјектите на надзор не поседуваат одобренија и истиот записник им е доставен на субјектите на надзор .

На ден 29.08.2023 год. до Мвр-Свр Охрид доставено е барање за обезбедување асистенција за затварање на градилиште, за на ден 31.08.2023 год. обезбедена е асистенција за што е изготвен записник од страна на Свр-Охрид и градилиштето е затворено.

На ден 30.08.2023 год. градежен инспектор на Општина Охрид донел решение со кое се наредува отсранување на дивоградбите.

На ден 07.09.2023 год. поднесени се кривични пријави за бесправно градење.

Против решението за отсранување на дивоградбите поднесена е жалба до државната комисија за одлучување во втор степен.

Со решение од 19.12.2023год. на оваа комисија жалбата е одбиена како неоснована.

Во моментов тече рок за поведување управен спор. – информираа од Општината.

Во продолжение, документацијата која ни ја достави загрижениот граѓанин:

Инаку Усеини ѝ е познат на јавноста по бројните испади, тепање на советници, незаконско градење, во 2020 година Основниот суд во Охрид определи осумдневен притвор за Нефи Усеини и уште едно лице за тепачка во Охрид, по што истите не беа достапни за органите на прогонот.

Во 2023 година Усеини си поднесе оставка како член на Советот на Општина Охрид, како што објасни тогаш, од лични причини.

Фирмите на Усеини беа проверувани и од Управата за финансиска полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.