ТОРПЕДО ОД Арсовска: Во процес сме на формирање на политичка партија – ЌЕ им покажеме на граѓаните дека може подобро!!

Како што неодамна пишуваше ТВ21, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска планира формирање на политичка партија.

Како што дознавме тогаш, идејата постоела извесно време, а се засновала врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.

Ни секој петти во Македонија нема каде да се засолни во случај на напад врз државата?!
Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) …
Кина ни ги укина визите
Кина најави дека ќе го прошири безвизниот режим на уште девет земји, чиишто државјани ќе можат да престојуваат во земјата без виза до 30 дена. Портпаролот на …

Таа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека веќе се во процес на формирање на партијата.

На прашање за тоа дали таа би била лидер на оваа партија, Арсовска не одговори конкретно, но истакна дека сака на граѓаните да им покаже дека може и подобро.

„Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некои од политичарите, на некои од оваа корумпирана политичка елита, кај нас напредок нема да има. И ако можам јас сама, како индивидуалец, да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе што ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓаните, дека ќе може да покажам повеќе“, вели Арсовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.