Братот на Анџелина Џоли проговори за нивната врска во ретко интервју

Анџелина Џоли и Џејмс Хевен се деца на актерите Џон Војт и Маршелин Бертранд. Порано заедно ги посетуваа јавните настани, а светот го шокираа со бакнеж на црвениот тепих, но во последните години Џејмс се држеше подалеку од центарот на вниманието. Сега во ретко интервју ја откри врската со сестра му.

Во подкастот 90 WHO10 што се емитуваше на новогодишната ноќ, Хевен беше прашан како е да се поддржува Џоли за време на нејзиниот развод во 2016 година со Бред Пит. 

Милан Станковиќ ја прекина тишината! Се огласи после неколку месеци: Целосно ѝ се посвети на верата, а еве што држи во рака! (ФОТО)
Пејачот Милан Станковиќ пред неколку години целосно се повлече од јавноста, а многу се пишуваше за неговата желба да се замонаши.За неговиот живот не се знае речиси ништо, а …
Кузеска: Власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и автомобили
Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот …

Ја поддржа својата сестра за време на разводот

„Се беше природно и почнав да ги штитам заради нејзините деца, моите внуци и внуки. Само сакам да бидам со неа цело време, исто како нашата мајка. Секогаш кога можам да бидам во нивно присуство, тоа е она што го сакам. – објасни тој. Да, секогаш кога е со Џоли и нејзините деца, го исклучува својот мобилен телефон за да може да се фокусира само на нив.

„Сакам да бидам покрај неа и нив низ што и да поминуваат. Имаме заеднички интереси, особено ако зборуваме за тоа како да им помогнеме на децата“, додаде тој.

Се зборуваше дека не биле во добри односи

Летово по долго време Џејмс беше фотографиран како се шета во Лос Анџелес. Не го сака медиумското внимание и се крие од јавноста. Тогаш се зборуваше дека не е во најдобри односи со Анџелина.

“Анџелина и Џејмс целосно се оддалечија. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој и помагаше да ги воспитува децата и секогаш посветуваше многу време на семејството. Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и се оддалечија. Само тие знаат што навистина се случи“, изјави извор близок до Анџелина, но се чини дека, судејќи според изјавите на Џејмс, братот и сестрата одлично се сложуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.