По него лудуваше цела Југославија! Дали знаевте дека Владо Калембер е од Струмица?

Владо Калембер остана симбол на Југославија, бидејќи во поранешната држава важеше за најголемиот заводник на музичката сцена, а жените обожаваа да го гледаат. Беше фронтмен на познатите „Сребрени крила“, снимаше дуети со најголемите ѕвезди, ги разоружа сите со насмевка, а денес се занимава со музика и неговиот стил не е променет.

Доаѓаат минусни температури следната недела, ќе се спуштат и под -10 степени
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до средината на оваа седмица насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под …
Филипче ќе ја предложи Фани Каранфилова за заменик-претседател на СДСМ
Откако на чело на СДСМ дојде Зоран Заев во 2013 година, беше воведена функција заменик-претседател, која првично ја вршеше Радмила Шекеринска, а потоа на нејзино место …

Кариерата ја започна во седумдесетите, додека врвот на славата го достигна десет години подоцна, во осумдесетите. Важеше за еден од најубавите мажи на овие простори, а ако ја погледнете неговата насмевка и денес, ќе сфатите за што зборуваме.

Тој ја основа групата „Сребрени крила“ во 1978 година, а нивните песни и денес се големи хитови. Најпозната песна што ја отпеа Владо Калембер е песната со Лепа Бреном „Југословенка“.

Пејачот денес има 70 години, а оваа информација изненади многу негови обожаватели. Роден е на 26 април 1953 година во Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.