Еве што е слично меѓу пејачката и старлетата: Карлеуша и Сораја во тандем

Сораја Вучелиќ и Јелена Карлеуша, очигледно, имаат сличен моден вкус. Особено кога станува збор за фустани. Старлетата моментално престојува со својот син во Дубаи, каде што ужива на одмор, па на социјалните мрежи објави фотографија во бел фустан, истиот оној што поп ѕвездата го носеше минатата година. Иако фустанот со пердуви има уникатна естетика, тој е украсен со лежерен крој кој прекрасно се вклопува на телото.

Кафето можете да го конзумирате и навечер, без никакви последици – додадете ги овие состојки
Ако ви здосади стандардното кафе, време е за промена. Кафето на овој начин можете да го консумирате и навечер. Циметот ќе внесе магија во вашето …
Филмски грабеж во Скопје: Украле сеф, па бегајќи со мотоцикл го фрлиле кон полициско возило
Полицијата приведе осумнаесетгодишник кој со уште едно лице украле сеф од експозитура. Настанот се случил утрово во 3 часот на подрачјето на Бутел во Скопје. …

Имено, ЈК, за која многумина велат дека е жената со најдобар стил на нашите простори, минатата година носеше модел на едно рамо до подот, богато украсен со пердуви по сите рабови. Карлеуша го избра овој фустан за посебен настан – роденденската прослава на ќерките Атина и Ника во Виена. Јелена на својот Инстаграм профил објави фотографии од роденденската вечера од ресторан.

Годинава тоа го направи и познатата старлета. Аутфитот го збогатила со брендирана марама. И двете ја сакаат модата и со задоволство ги прикажуваат своите избрани креации на фановите на социјалните мрежи. 

– Овој фустан изгледа навистина убаво на Сораја. Истото го носеше и Јелена Карлеуша. Не се знае кој изгледа подобро – ова се само дел од коментарите на мрежите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.