До редакцијата на Инфомакс пристигнале информации и фотографии дека пред зградата на Народна Банка има засилено полициско обезбедување.
До институцијата пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.
На терен пристигнале антитерористички единици, како и кучиња трагачи кои детално го чешлале теренот во потрага за бомба.
За среќа не е пронајдена никаква експлозивна направа на лице место.
Да се потсетиме дека пред една година, македонските институции и школи редовно добиваа лажни дојави за бомби, а официјалните државни органи посочија дека се работи за хибриден напад и војна која се води против Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи:



