На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.
– Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач.
Над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од општина Охрид како директна поддршка.
Овие суми ги потврдува и Службениот гласник на општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година.
Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013 каде основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков.
Значи Пецаков преку општината индиректно си префрла пари на самиот себе си!?
Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП Охридски комуналец.
- Мицкоски: Се додека имаме структури кои коленичат пред бугарските власти, не очекувам подобрување на односите со БугаријаПремиерот Христијан Мицкоски лично не очекува подобрување на односите со Бугарија по изборот… Read more: Мицкоски: Се додека имаме структури кои коленичат пред бугарските власти, не очекувам подобрување на односите со Бугарија
- Граѓани предупредуваат: Се расфрла отров низ Кисела Вода, неколку кучиња веќе се отруени, опасно е и за луѓето!Во Фејсбук групата „ѕид на Кисела Вода“ граѓани во повеќе наврати објавуваат дека… Read more: Граѓани предупредуваат: Се расфрла отров низ Кисела Вода, неколку кучиња веќе се отруени, опасно е и за луѓето!
- Најпрецизната астро прогноза за мај: 3 знаци ќе поминат низ пекол – доаѓаат радикални промениКинескиот хороскоп за мај 2026 година открива значајни упатства што можат да ви… Read more: Најпрецизната астро прогноза за мај: 3 знаци ќе поминат низ пекол – доаѓаат радикални промени
- Принцезата Шарлот го прослави својот 11-ти роденден: „Таа многу личи на Елизабет“Принцезата Шарлот наполни 11 години, а по тој повод тие се огласија од… Read more: Принцезата Шарлот го прослави својот 11-ти роденден: „Таа многу личи на Елизабет“
- Лога: Адресата каде треба да се бараат корумпирани судии е Врховниот судЕкс-министерот за правда, Кренар Лога со свој став за реформите во правосудството кои… Read more: Лога: Адресата каде треба да се бараат корумпирани судии е Врховниот суд
Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција.
Надлежно обинителство пак треба да утврди дали е прекршен кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб којшто е токму тој основач.
Сите аспекти треба да се утврдат затоа што постои основано сомневање дека на ваков начин може да се испумпуваат пари на граѓаните и потоа да се злоупотребуваат.
Нема општина во државата која е водена од ДПМНЕ а за која нема скандал поврзан со финансиите, јавните набавки и парите на граѓаните.
Ништо не е сменето во ДПМНЕ, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



