Акциската ѕвезда три часа бил задржан на аеродромот во Минхен бидејќи не пријавил скап часовник кој требало да се најде на аукција.
Актерот, политичар и активист во борбата против климатските промени си ги плати даноците, но дури по бројни компликации.
- Овие три хороскопски знаци се особено склони кон љубомора: Тие бараат посебно внимание во врскатаЉубомората е честа појава во романтичните врски, но кога станува прекумерна,… Read more: Овие три хороскопски знаци се особено склони кон љубомора: Тие бараат посебно внимание во врската
- По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар осуден поради шега за Ердоган во која го нарекол „диктатор“Турски суд во понеделникот го осуди комичарот Дениз Ѓокташ на повеќе… Read more: По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар осуден поради шега за Ердоган во која го нарекол „диктатор“
- (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмотДелегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на… Read more: (Фото) Собраниска делегација во Саудиска Арабија: Значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот
- Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружјеАмериканскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју, изјави дека американскиот претседател Доналд… Read more: Трамп го праша кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи американско оружје
- Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентностПросечната активна транспарентност на Владата, министерствата и општините во Северна Македонија… Read more: Министерството за енергетика и четири општини лидери по транспарентност
Со неработење на машината за картички, затворена најблиската банка и прениски лимити за подигање готовина, 76-годишникот, кој се прослави со улогата во блокбастерот „Терминатор“, мораше да чека цариниците да донесат нова машина, изјави изворот.
Портпаролот на актерот изјави за германскиот весник „Билд“ дека инцидентот на аеродромот е „комедија на грешки што може да направи многу смешен полициски филм“.
Билд пишува дека Шварценегер „многу смирено ја сватил непријатноста“, а на фотографијата што ја објавиле се гледа насмеан Шварценегер со куќиште за часовник на кое пишува „За Австрија“.
Локалните медиуми јавуваат дека часовникот го изработил познатиот часовничар Audemars Piguet според раката на Шварценегер и дека може да достигне цена од неколку стотици илјади долари.
Планирано е часовникот да се продава на аукција на хуманитарна вечера организирана од иницијативата за климатски промени на Шварценегер во четврток во австрискиот град Кицбил, на околу 90 километри од Минхен.
Почетната цена на часовникот е 50.000 евра.
На аукциската листа, до која дојде весникот Билд, се наведува дека има само 20 такви часовници и дека има фотографија од Шварценегер во карактеристична поза со натпис Arnold Classic.
Покрај часовникот, на аукцијата ќе се најдат и уметнички дела, како и потпишани спортски и филмски предмети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



