Врховниот суд на Хрватска ја соопшти одлуката за случајот за старателството на синот на пејачката Северина Вучковиќ и претприемачот Милан Поповиќ .
Со оваа одлука на Врховниот суд на Република Хрватска сега е поништена пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, кој одлучи момчето чии родители имаат заедничко старателство да живее со мајка му.
- Бред Пит повторно почна да пие: Бев трезен седум години, сега пијам пакБред Пит неодамна откри дека повторно почнал да пие алкохол… Read more: Бред Пит повторно почна да пие: Бев трезен седум години, сега пијам пак
- Крај на диктатурата на Блискиот Исток: Како Кина ја презеде контролата врз цените на нафтатаВојната во Иран предизвика голем шок во снабдувањето со нафта.… Read more: Крај на диктатурата на Блискиот Исток: Како Кина ја презеде контролата врз цените на нафтата
- Најдобриот вечерен пијалок за здравјето на мозокотПИЈАЛОЦИТЕ што ги избираме навечер можат да влијаат на квалитетот… Read more: Најдобриот вечерен пијалок за здравјето на мозокот
- Уште 3 дена до враќањето на Мицкоски со „нови знаења“Уште три дена до крајот на екскурзијата. Мицкоски го заврши… Read more: Уште 3 дена до враќањето на Мицкоски со „нови знаења“
- ЕУ од утре со нови правила за пакување — хотелите, кафулињата и продавниците ќе мора да се прилагодатВо Европската унија од утре се менуваат правилата за употреба… Read more: ЕУ од утре со нови правила за пакување — хотелите, кафулињата и продавниците ќе мора да се прилагодат
Првично, момчето требало да живее со својот татко.
Врховниот суд го прифати барањето за ревизија поднесено од Милан Поповиќ. Тој истакна дека Жупанискиот суд во Сплит не ги испитал усно сведоците иако тој тоа конкретно го побарал, пишува N1.
Оттука, според одлуката на Врховниот суд, дошло до значителна повреда на одредбите од парничната постапка.
Според советот на Врховниот суд, пропустот е направен токму поради тоа што сведоците не биле поканети на рочиштето во Жупанискиот суд во Сплит и покрај барањето на една од странките .
– Мора да се заклучи дека штом една од странките побарала усно да се сослушаат сведоците на рочиштето и ги прецизирала околностите под кои се предлага расправата, без разлика што претходно изјавила дека нема забелешки на сведоците и мислење е сторена битна повреда на одредбите на парничната постапка. Затоа второстепената пресуда е укината и предметот е вратен на повторно судење во Жупанискиот суд во Сплит – се наведува во одлуката, пренесува „Индекс.хр“.
Инаку, оваа одлука е донесена во јули минатата година, но од Врховниот суд велат дека нема капацитет да ги анонимизира сите свои пресуди и редовно да ги објавува.
Пронајдете не на следниве мрежи:



