Пендаровски го потпиша указот за законските измени со кои до 31 декември се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.
Собранието попладнево, со 90 гласа „за“ ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.