Херој: Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак

Момче од Неготино ја растеше косата седум години и сега ја донира за перика за деца болни од рак.

Станува збор за 11-годишниот Марио Стојановски, ученик во основното училиште ,,Страшо Пинџур” во Неготино, кој е среќен што може да израдува некое дете и да му помогне во моментите на борба со болеста.

– Не ми е жал за косата, затоа што знам дека со ова помагам некому кој има потреба од поддршка. А косата, пак ќе ми порасне, вели Стојановски.

Неговите родители се среќни што нивниот син донел една ваква хумана одлука и заеднички со него, посакуваат здравје, љубов и среќа за сите луѓе во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: