Сочна и топла, совршена за последните денови од зимата


Потребно е:

500 гр кора за пита
50 гр путер
500 гр исчистени пилешки батаци
300 гр црвен кромид
2-3 чешниња лук
5 лажици масло + за премачкување на кората
200 мл крем
250 ml вода
3 јајца
сол
бибер

Подготовка:

Месото и црвениот кромид ситно се сечкаат. Додадете масло и зачинете, измешајте и додадете сечкан лук. Корите исечете ги на половина и премачкајте ги со масло. Потоа наредете три кори една врз друга. Истурете една лажица фил и свиткајте во ролна. Се редат во плех обложен со хартија за печење. Истурете 150 мл вода и печете во рерна загреана на 200 степени. По 15 минути извадете ја питата и прелијте ја со изматени јајца, павлака, 100 мл вода и половина лажичка сол. Намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-25 минути.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: