Маж роди бебе! Телевизијата го сними породувањето, а начинот на кој забремени е сосема неверојатен

Ари е транссексуалец. Роден е како девојче Андреа, но секогаш се чувствувал како маж. Неговата најголема желба била да роди дете и тоа го постигна пред две години.Кога имал 18 години и сè уште живеел како девојка Андреа, на родителите им признал дека му се допаѓаат жени и тие веднаш го поддржале, како и во неговата подоцнежна одлука да стане трансродова личност. Кејтлин беше неговата прва, но и последна љубов, со оглед на тоа дека парот и денес е во врска.Се запознале на универзитет и се заљубиле– Се запознавме на универзитетот. Вториот ден на предавањето ја видов Кејтлин и помислив дека таа е најубавата жена што сум ја видел – изјави Ари за каналот TLC во Велика Британија, а телевизијата ги следеше и ги сними последните денови од неговата бременост и породување.Кејтлин била постојано со него и покрај него, па и самата се присетила како било кога се запознале.– Не го забележав со месеци –  признала таа, а потоа Ари раскажала како раскинале по три месеци и како тогаш му го скршила срцето. Сепак, цело време се надеваше на помирување бидејќи таа е „ најубавата личност со која имал интимни односи “.Тие се помириле осум години подоцна, а потоа Ари започнал приказна за неговата потреба да го продолжи животот како маж бидејќи никогаш не се чувствувал удобно во женска кожа.-Почнав да земам тестостерон и направив двојна мазектомија. Кога се беше готово, се чувствував подобро од било кога – призна тој.

Еден пријател донираше семенска течностКога Кејтлин и Ари решиле да имаат дете, решиле донаторот да им биде пријател.– Ја даде својата сперма, ја ставивме во шприц, а потоа Кејтлин ми ја инјектира со шприц на подот во бањата во станот на една пријателка и така забременив – раскажа Ари и ги шокираше сите.И Кејтлин сакаше да забремениКејтлин, која пред тоа време го запроси Ари и се омажи за него, признала дека била малку љубоморна бидејќи и таа сакала да забремени, но имала некои компликации и, како што рекла, „потешко било за неа бидејки имала 37 години и била постара од Ари“.Бременоста помина без проблеми и Ари го роди нивното бебе девет месеци подоцна. И двајцата беа пресреќни и едвај можеа да најдат зборови или коментари по најубавиот момент во нивниот живот досега.– Ми донесоа бебе и веднаш почувствував дека тоа е мое бебе. Тоа беше најдоброто чувство – изјави на крајот овој трансродов маж од Велика Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи: