„Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше. Mирко Попов беше галебот Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе. Дека небото не е лимит.“ Со овие зборови од Мирко се простија неговите пријатели и соработници на комеморацијата одржана во петокот во салата на Македоснката Филхармонија.
На комеморацијата за постигнувањата на Мирко зборуваше неговиот долгогодишен пријател Синиша Ефтимов и многуте соработници со кои работеше и се дружеше на сцената и надвор од неа. Меѓу нив Билјана Црвенковска (Розевата планета), Филип Тасевски, Јанг Дади, Дина Јашари, Александар Гавроски…
Во присуство на семејството, пријатели, почитувачи, колеги и министри, со музика, емотивни присетувања и аплаузи, Скопје го испрати Мирко Попов, човекот во своите 30 години работа остави моќен печат на македонската музичка современа сцена… Беше еден од пионерите на електронската музичка сцена во Македонија и подржувач на урбаниот и културниот живот во земјава. Почина на 24 март на 51 година.
„Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови – Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил“ , кажа Филип Николовски од МКЦ во последното испраќање на Мирко.
Пораки во чест на Попов испратија и легендарните британски диџеи Тери Френсис, Дејв Мадерсол и Ивл Еди Ричардс, Лале Хепи Пипл од Србија и Стивен Малиндер од „Кабаре Волтер“. Хрватската група „Ниплпипл“ ја изведе песната „Somewhere Over the Rainbow“, во чест на Мирко.
„Чудно, најпознат Мирко беше како политичко битие, т. е како човек кој дава мислење за ова или за она, а би рекол и нај познат и по одговорот на нај глупото новинарско прашање на свет- Што би направил кога би дочол на власт? Само да да појаснам, оргиналата идеја не бепе да се сзапалат сите цркви. Оригиналната идеја беше да се поштеди Соборниот храм во Скопје, да се наполни со озвучување и да продолжи со работи под името „The Church“. Како автор беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критична маса која не е баш свесна – покрај Скопјанка и Манекенки тој е автор на над сто други песни на ПМГ Колектив, Кантон 6, Мирко Попов Квартет, Македониде Crew… па и онаа фабулозна соработка со Сецтат. Фала богу, песните се тука, воопшто не мора да брзате. Тука се за вас Се надевам некогаш ќе седнете ќе ги преслушате“, рече во својот говор Александар Гавроски.
Во живо на малата сцена на Филхармонија настапија џезерите Владан и Павел Дробицки,
На комеморацијата свои пораки испратија дечките од бендот Артан Лили чиј концерт во Скопје во МКЦ пред неполн месец беше последниот кој Мирко го организираше.
Билјана Црвенковска една од најблиските пријателки на Мирко, во нејзиното последно обраќање кажа дека ќе го памети Мирко како човек кој секојдневно го менуваше светот.
„Мирко секојдневно во се што правеше ги менуваше работите, се трудеше да го менува светот. Ова што го правеше со младите, ова што го правеше со музиката, со културата е само дел од таа голема сликана целосно менување на условите во кои живееме, на земјата во која што живееме. Тој беше толку голем и никогаш не се откажуваше, никогаш не се предаваше. Секогаш се бореше и секогаш инсистираше да не се откажуваме и да не се предаваме. Да не стануваме конформисти. Да не си легнуваме на брашното или да не си ги пакуваме куферите и да си одиме. Зошто да го напрвиме тоа? Па ние што се занимаваме со култура и со уметност точно знаеме дека најдобро се твори и се созадава таму каде што си роден затоа што од таму потекнуваш и тоа тебе те дефинира и те тера да ја создаваш таа уметност и всушност да, нашата генерација го имаше Мирко кој што секојдневно се бореше да го прави тоа„
Комеморацијата беше затворена со песната на „ПМГ колектив“, „After Hours“, со Љупа Ангелов на гитара.