Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од Бољшој театарот во центарот на Москва

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од Бољшој театарот во центарот на Москва поради аларм за пожар кој се покажа дека е лажен, јави ТАСС, повикувајќи се на оперативните служби.

За време на изведба на балетот „Рајмонда“ се вклучи предупредувачкиот аларм на противпожарниот систем. Луѓето се евакуирани од безбедносни причини, соопштија службите. Не се пронајдени извори на пожар. Немаше жртви или повредени.

Според прес-службата на театарот Бољшој, се е во ред и претставата е продолжена. Очевидец за ТАСС изјави дека сите гледачи се евакуирани со образложение дека настапот се откажува од технички причини.

Пронајдете не на следниве мрежи: