Ноќеска во Добридол лишени од слобода машко и женско лице поради физичка пресметка




Ноќеска во Добридол лишени од слобода машко и женско лице поради физичка пресметка

СВР Тетово информира дека вчервечер (19 мај) во 23.50 часот во Добридол, полициски службеници од Полициското Одделение Галате ги лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Добридол и 42-годишната Ј.Т. од Струмица, со привремен престој во Гостивар, затоа што околу 22.00 часот во домот на М.Д. го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, извести полицијата.
Сподели ја веста:

Извор



Пронајдете не на следниве мрежи: