![Предавање на тема „Преку алгоритамско дизајнирање до паметни решенија“ Предавање на тема „Преку алгоритамско дизајнирање до паметни решенија“](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/05/arhitektura-1.jpg)
На 22 мај во просториите на Машинскиот Факултет во Скопје, ќе се одржи предавање на Звонко Вугрешек на тема: „Преку алгоритамско дизајнирање до паметни решенија“.
Звонко Вугрешек е експерт во полето на алгоритамски и генеративен дизајн потпомогнат со машинско учење и AI, и ко-основач на дизајн студиото Pixolid.
Сите заинтересирани се поканети на неговото предавање кој ќе се одржи оваа среда во 12 часот во просторија К3-9 во Новата зграда на Машинскиот Факултет во Скопје.