Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава во Салаковац кај Мостар, а камионот кој учествувал во несреќата се запалил.
Порталот Аваз потврди дека едно лице загинало во сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила Шкода и Пасат и товарно возило – камион, кое по судирот се запалило.
Според информациите, едно лице е префрлено во болница.
Припадниците на ПВП Мостар со четири возила на располагање излегле на местото на несреќата.
БИХАМК соопшти дека сообраќајот на тој патен правец е целосно прекинат.