Меџити: Новата влада ќе се формира по Бајрам, очекувам да станам прв вицепремиер

„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас ќе извршувам функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот здравство. Касами повторно ќе се врати во Тетово за да го доврши мандатот кој успешно го започна. ‘Вреди‘ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт“, вели претседателот на Демократското движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“

Новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, на 19 или 20 јуни. Ова денеска во изјава за ТВ Алсат го најави претседателот на Демократското движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, посочувајќи дека веројатно тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, министер за здравство.

„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас ќе извршувам функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот Здравство. Касами повторно ќе се врати во Тетово, за да го доврши мандатот, кој успешно го започна. ‘Вреди‘ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. Деновиве ќе се одлучува за вицепремиерското место за евроинтеграции, кое треба да припадне на Алтернатива за Албанците. Беса, пак, треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика“, вели Меџити.

За гласањето на законот за реорганизација на владата од пратениците на ДУИ, Меџити вели дека тоа покажува оти се контрадикторни, дека го изгубиле политичкиот компас и ги менуваат позициите во рок од еден ден.

На новинарско прашање дали со гласањето на законот, ДУИ се обидува да се доближи до ВМРО за да побара заштита од евентуален прогон, Меџити рече дека власта што доаѓа е стабилна и не треба да се валка со, како што рече, вакви политички акробации.

„Оваа влада има стабилност во бројки, како можеби ниту една друга влада од 90-тите години. Нема потреба да се запленуваат или да влезат во нечии хипотеки. Затоа мислам дека овие движења и овие политички акробации се бескорисни“, вели тој.

извор: 360 степени

Пронајдете не на следниве мрежи: