Српскиот државјанин кој е осомничен дека ископал тунел до судот во Подгорица, е пуштен на слобода

Основниот суд во Подгорица му го укина притворот на српскиот државјанин Владимир Ериќ, осомничен дека бил дел од групата која во септември минатата година ископала тунел до депото на Вишиот суд во Подгорица и украла дел од доказите од судските случаи, соопшти судот, пренесува „N1“

Судот соопшти дека ДНК-анализата го „довела во прашање“ сомнежот дека Ериќ го сторил кривичното дело за кое го обвинува Обвинителството, поради што морал да биде пуштен од притвор.

Тој се товари за кривично дело злосторничко здружување во врска со кривично дело тешка кражба и кривично дело спречување докази.

Ериќ, заедно со уште седум лица од Србија и Црна Гора, е осомничен дека ископал тунел до депото на Вишиот суд во Подгорица, кој беше откриен во септември минатата година и од кој исчезнаа експонатите.

Ериќ беше уапсен во Шведска во октомври минатата година во обид да се качи на лет за Белград, а во март оваа година беше екстрадиран во Црна Гора.

Претходно полицијата уапси уште четири лица осомничени дека се дел од организацијата која го ископа тунелот од станот спроти Вишиот суд, ангажирани за таа работа и сите се бранат од слобода. Покрај Ериќ, потерница е распишана и за уште тројца негови сограѓани.

Оружје, СИМ-картички, неколку мобилни телефони, помала количина дрога и некои други докази исчезнале од депото, објавија претходно медиумите.

До денес официјално не е утврдено кој ја нарачал таа „работа“.

Пронајдете не на следниве мрежи: