Го викнал на кафе, па го изрешетал со 16 куршуми: Љубовна афера се крие зад ликвидацијата во центарот на Сараево

Нихад Сарајкиќ (32) на шеталиштето Вилсон во Сараево со 16 куршуми го убил Анел Кршо (41), а како што неофицијално дознава Klix.ba, крвавиот конфликт наводно бил поттикнат од љубовна афера.

Прелиминарните резултати од истрагата и сознанијата укажуваат дека Сарајкиќ бил во љубовна врска со партнерката на Кршо и дека токму оваа врска била причина за конфликтот. И покрај обидите да ја прекине врската, истата продолжила, а Кршо упатувал закани до Сарајкиќ.

– Кршо, како што дознаваме, последен пат бил во затвор за кривично дело семејно насилство. На крајот на март годинава, според потерницата распишана од сараевската полиција, тој беше уапсен во Коњиќ. Во моментот на апсењето бил вооружен, а при претресот на станот било пронајдено уште едно огнено оружје без дозвола. Еден месец претходно, во февруари, против него беше поднесена уште една кривична пријава. Неговите престрелки во Сараево се познати и во полициските досиеја, пишуваат босанските медиуми.

Сепак, очигледно е дека Сарајкиќ решил да ги земе работите во свои раце и, за жал, сè да реши со убиство. Сè испланирал на тој начин што вчера попладне го повикал Кршо во кафуле лоцирано на Ковачиќи каде седеле заедно, а потоа кога завршиле со разговорот тргнал по него и испукал 16 куршуми од пиштол.

Сарајкиќ потоа сам се јавил во полиција, им кажал што направил и ги чекал на местото на убиството и го признал делото. Сарајкиќ не и бил познат на полицијата како лице склоно кон вршење прекршоци и кривични дела.

Обвинителот на Обвинителството КС нареди обдукција која ќе покаже колку куршуми го погодиле убиениот. Сарајкиќ моментално се наоѓа на кривична истрага во просториите на КС МУП, по што ќе биде предаден во надлежност на Кантонското обвинителство.

Пронајдете не на следниве мрежи: