Меџити во улога на прв вицепремиер: Мицкоски нема ништо против Бугари во Устав, разгоавараме за гаранции

Партнерите на премиерот Христијан Мицкоски, од коалицијата „Вреди“ во кампањата најавуваа уставни измени во првите шест месеци од Владата.

Вицепремиерот Изет Меџити во „Дејли клик“ откри дека се водат разговори со меѓународниот фактор.

„Тие начелно се за уставните измени, се за внесување на Бугарите во Уставот, но заедно со меѓународниот фактор разговараме за можностите да има гаранции дека нема да има нови барања додека трае процесот. Односно, дека ова ќе биде единственото барање од страна на бугарската држава, од Бугарите“, вели Изет Меџити.

Претходно од Европската Комисија информираа дека се јасни очекувањата од Македонија – исполнување на уставните амандмани за кои Скопје се обврзало да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.