Сoединетите Американски Држави со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада на Северна Македонија и земјава да продолжи со напредок кон евроинтеграциите, порача помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џим О’Брајан. Пораката на О’Брајан како што соопшти тој на платформата „Икс“, следува по средбата со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во рамки на форумот во Дубровник.
„САД со нетрпение очекуваат да соработуваат со вашата нова влада за унапредување на регионалната соработка на Западен Балкан и да ја видат Северна Македонија да продолжи да напредува на својот пат кон евроатлантските интеграции,“ порача О’Брајан.
Met with North Macedonia FM @TimcoMucunski at the Dubrovnik Forum. The U.S. looks forward to working with your new government to advance regional cooperation in the Western Balkans and see North Macedonia continue to advance on its path to Euro-Atlantic integration. pic.twitter.com/62mVCWhTA9
— Assistant Secretary Jim O’Brien (@StateEUR) June 29, 2024