Бридлав: Да и се дозволи на Русија да задржи дел од украинската територија би значело „капитулација“

САД ќе бидат домаќин на самитот на НАТО во Вашингтон следната недела, на кој на дневен ред ќе биде поголема воена поддршка за Украина во услови на тековната руска инвазија.

Даглас Џонс, заменик на американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, изјави за Гласот на Америка претходно оваа недела дека НАТО ќе изнесе „конкретни начини“ за забрзување на евентуалното членство на Украина во алијансата.

Пензионираниот американски Генерал со четири ѕвезди на воздухопловните сили Филип Бридлав беше командант на заедничката команда на САД и Европа и 17-тиот врховен командант на сојузничките сили во Европа на операциите на сојузничката команда на НАТО од 2013 до 2016 година.

Во интервју за Гласот на Америка, Бридлав рече дека НАТО треба да го искористи самитот следната недела за детално објаснување како ќе и се помогне на Украина „да победи во војната против Русија и да ги протера руските сили од украинската територија“.

Да и се дозволи на Русија да ја задржи таа украинска територија што ја окупираше би значело „капитулација“, рече Бридлав, додавајќи дека тоа не треба да има никаква врска со тоа кој ќе победи во САД. Претседателските избори во ноември не треба да бидат поврзани со капитулацијата пред руските амбиции во Украина а тоа „не е начин на наредок“.

Пронајдете не на следниве мрежи: