Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно, а опасно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“ и за заробениот човек и за спасителите – пожарникарите, Конкретно, покрај кумановскиот дел од река Пчиња, имаше комбинирана спасителан акција од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово.
Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од околу 04.00 часот па до 07.00 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, којшто ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал, на тој потег од реката Пчиња.
Ситуацијата била опасна, бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била ,буквално, како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината, од топлото време, а надолу како да немало дно.
Тимот пожарникари, за среќа, брзо и на време стигнал до оддалеченото место од пристапен пат. бидејќи лицето било веќе речиси до рамења и врат пропаднато и било снеможено и на крај од неговите сили заради долготрајното заглавување при што полека тонело во меката почва. Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа, од сложеното, а навидум едноставно, извлекување и спасување на заглавеното лице, од опасниот терен.
Откако пожарникарите го извлекле од длабока тиња и кал, што била буквално како „жив песок“, лицето речиси се онесвестило и го ставиле на специјалната спасителна даска за носење. Додека едни го носеле, други со секири го расчистувале пред нив патот од вегетација и дрвја за да се пробијат до пристапниот пат каде ги чекала Итната медицинска помош. Настраданиот е жив, но многу истоштен и снеможен од долготрајното заглавување. Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност.
- Израелската армија започна нова копнена операција во Газа
- На прагот на седмата деценија има тело на божица! Фит линијата Хали Бери ја должи на најпопуларната диета во светот
- Ранетиот во Чаир е ТИНЕЈЏЕР, кажал на полицијата кој пукал во него
- (Видео) Трамп: Америка стана предмет на потсмев
- Шлицот и ја разоткри интимата! Се појави како кралица на ноќта и го шокираше цел Лондон – покажа се
- Референдум во Казахстан за изградба на првата нуклеарна централа
- Најточниот неделен хороскоп од 7 до 14 октомври! За Овенот судбоносна средба, за Девиците повеќе пари, а еве кој ќе купува автомобил
- СДСМ: Повторно пукање, дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност
- Без вода дел од општина Гази Баба
- Eвропратениците заинтригирани од куќите на Захариева во Софија и на Халкидики
- Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во БиХ
- Повторно уапсена Грета Тунберг, објавена снимка од приведувањето
- Хрватска испраќа 10 милиони евра за санација на последиците од поплавите во БиХ
- Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ
- Денеска се празнува Зачнувањето на свети Јован Крстител